Владата донела одлука на седницата на 24 август да земе краткорочен кредит од „Шпаркасе банка“ во сума од 50 милиони евра, објави „Фактор“.
Со овие пари треба да се финансира буџетскиот дефицит на земјата, а државата досега најмногу пари потроши за справување со енергетската криза при набавка на струја, јаглен и мазут.
„Република Северна Македонија се задолжува со краткорочен кредит во вкупен износ до 50.000.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на денот на плаќањето, кај Шпаркасе банка АД Скопје. Краткорочниот кредит ќе се користи за финансирање на буџетскиот дефицит на Република Северна Македонија“, се вели во владината одлука која ја објави „Фактор“.
Исто така била издадена и државна обврзница тешка 25,5 милиони евра, пишува „Фактор“.