16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Зошто љубовницата и поранешната сопруга молчат, а ќерките не смеат да кажат дека се негови: 5 претседателски нешта кои не сте ги знаеле за Путин

Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, е еден од најинтересните луѓе на денешницата. Ви пренесуваме 5 работи кои не сте ги знаеле за него:

1. Мистеријата на родителите на Владимир Путин

Самата Хилари Клинтон ја раскажа оваа приказна, која подоцна стана урбана легенда, а се однесува на родителите на Владимир Путин:

„Тој започна со приказна за неговите родители за која никогаш не сум слушнала или прочитала. За време на војната, таткото на Путин се вратил дома од бојното поле на кратко отсуство. Кога стигнал до нивниот стан, видел куп тела на улица и мажи кои ги товарале во камион. Кога се приближил, видел женски нозе и чевли. Сфатил дека тоа се чевлите на неговата сопруга. Притрчал и го побарал телото на сопругата. По расправија, мажите попуштиле, а таткото на Путин ја зел неговата сопруга во неговите раце и сфатил дека се уште е жива. Ја однел во станот и се грижел за неа. Осум години подоцна го добиле синот Владимир“, изјавила Клинтон.

2. Поранешната сопруга Људмила

Људмила и до ден денес останува голема енигма за јавноста. Путин за неа зборуваше вака:

„Станав пријател со Људмила, мојата идна сопруга“, рекол еднаш Путин и додал: „Сфатив дека никогаш нема да се оженам ако не се оженам во следните две, три години. Иако, се разбира, во навиката ми беше да живеам ергенски живот, Људмила ме промени од корен“.

Сепак, Владимир и Људмила се разведоа во 2013 година, по 30 години брак. Двојката се разделила во пријателски односи, а поранешната сопруга на Путин подоцна повторно се омажила за 21-годишен маж. Не се знае каде живеат денес.

3. Мистеријата наречена љубовница на господинот претседател

За тоа дека Алина Кабаева е љубовница на Владимир Путин се зборува повеќе од 13 години.

Руската гимнастичарка и златна олимписка медалистка Алина Кабаева се повлече од јавниот живот кога во 2018 година почнаа гласините дека очекува близнаци со рускиот претседател Владимир Путин. Поранешната гимнастичарка беше во партијата на Путин Обединета Русија, но работеше и како директорка на компанијата Националн медиа груп.

Има само една средба меѓу Путин и Алина која е овековечена на фотографии, а поради хемијата што зрачи од таа фотографија, се појавија и приказни за нивната љубов, а подоцна и за нивните наводни деца. Никој никогаш не докажал дека Владимир е во љубовна врска со Алина.

4. Зошто ќерките на Владимир Путин не можат да кажат дека се негови?

Во биографијата на Владимир Путин стои дека тој бил во брак со Људмила Путин само од 1983 до 2013 година. Во тој брак, двојката имаше две ќерки, Катарина и Марија.

Марија е родена во Ленинград во 1985 година, а Екатерина или Катарина е родена во Германија во 1986 година, кога семејството живеело таму за време на службата на нејзиниот татко во КГБ. И двете девојчиња ги добија имињата на нивните баби. Прекарот на Марија е Маша, а на Катарина е Катја.

Кога семејството се преселило во Москва во 1996 година, девојчињата посетувале училиште на германски јазик. Тие, наводно, биле исфрлени од училиште кога Путин станал вршител на должноста претседател, а наставниците ги школувале дома.

Инаку, Марија студирала биологија на универзитет и отишла на медицинско училиште во Москва, додека Катерина дипломирала на колеџ со диплома за азиски студии. И двете девојчиња учеа на колеџ под лажни идентитети.

Марија има 36 години и работи како медицински истражувач во Москва и живее со нејзиниот сопруг Јорит Фасен. Марија и Јорит наводно имаат едно дете.

Од друга страна, Катерина живее во луксуз и се стекнува со богатство. Денес има 35 години и е искусна акробатска танчерка, но има и висока позиција на Московскиот државен универзитет, раководи со старт-ап компанија вредна 1,7 милијарди долари.

Таа се омажи за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година. Сепак, парот се разведе во 2018 година. Случајот за развод откри дека нивниот заеднички имот вреди дури две милијарди американски долари.

5. Навиките на Владимир Путин

Бидејќи со годините изгледа помладо и повитално, многумина се прашуваат како Владимир Путин јаде и вежба.

Поради многубројните обврски и различните временски зони во Русија, Путин е принуден да работи до полноќ. Затоа првиот утрински оброк го има само напладне.

Појадокот на првиот човек на Русија изгледа вака: омлет од јајца од препелица, чинија овесна каша со неколку кришки сирење, пишува Newseek.

Со појадокот Путин обично пие домашен сок од цвекло и рен. По обилниот појадок, претседателот на Русија го пие првото утринско кафе, а потоа оди на тренинг, кој обично се состои од пливање и кревање тегови.

Првите утрински вести ги гледа во теретана, а политичките идеи ги добива токму во базенот додека плива. Кога ќе заврши со појадокот и тренингот, Владимир Путин е подготвен за политика.

поврзани објави

Последни објави