fbpx
4.8 C
Skopje

Филип Петровски: Да не беше Љубчо, Груевски никогаш немаше да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ!

АКТУЕЛНО

Во 2003. година се случува напуштање на Георгиевски. Јас сум вратен од Америка, доаѓа конгресот во Охрид, каде што се инсталира, слично како што се избира во Валандово, само што таму имаше два кандидати. Да немаше интервенција на Љубчо Груевски немаше да биде изберен. Јас бев на страната на Ѓорчев, а тоа Груевски никогаш не ми го прости.

Според Петровски, ова ВМРО-ДПМНЕ сега е договорено со позицијата во однос на многу прашања и не спречило промена на Устав, промена на име и се она што сега се случува како процес.

Поради ВМРО, терминот Македонија не премина во арханичен термин, а остана живо во име „Македонија“. Еве нели младите луѓе што доаѓаат читаат што се случувало во историското ВМРО. Наместо да гледаат како да го водат народот, они си го гледаат бизнисот. ВМРО има објавувано пред 100 години финансиски извештаи. ВМРО објавувало кој донирал, кај се потрошиле парите пред 100 години. А сега? Сега не се знае ништо, имаш мултимилионери произлезени. Ние единствено што одбранивме се парите на неколку фамилии и поединци.

Нашава партија во овие 30 години создаде солидна олигархија, кримогена структура, солидно подземје. Јас вечерва кога ме пуштивте на шпицот насмеан, јас бев среќен, јас морам да одам низ трње, но тоа е она што е добро. Борбата мора да трае, вели Петровски.

Според нив ние сме простасците и сељаците затоа што не се уклопуваме да бидеме послушници и да се гребеме само за функција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -