8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

СПОРЕД ФЕНГ ШУИ: Како да привлечете пари и изобилство во вашиот дом оваа пролет

Привлечете пари и изобилство во вашиот дом оваа пролет.

Tекстот продолжува веднаш по огласот.

Дали сте знаеле дека според Фенг шуи, областа поврзана со пари, финансиски просперитет и изобилство, го зафаќа југоисточниот дел од вашиот дом или канцеларија.

Па, време е да создадете добра енергија во него. Кога областа на парите е соодветно уредена, вашиот дом или канцеларија се во состојба да ја привлечат и задржат енергијата на богатството. Ова дефинитивно ќе се одрази во вашиот живот, па затоа потрудете се да ги применувате овие совети кои следат.

Елементот на богатството во Фенг шуи е токму дрвото, а веќе знаете дека тоа е збогатено со вода, која заедно со земјата го негува и му дава солидна основа за раст. Декорот во вашиот дом или канцеларија во областа на парите треба да биде составен од токму овие елементи.

Внесете здрави и бујни зелени растенија, како што е бамбусот и други билки кои го прочистуваат воздухот, а исто така можете да искористите и други силни билки кои ќе напредуваат усогласени со природното осветлување во таа област.

-Поставете фонтана, огледало или пејзаж со вода. Ако сте доволно креативни, можете да ставите и цела фонтана во областа на парите, а ако не сте сигурни за овој чекор, можете едноставно и да закачите слика со прекрасен водопад, езеро и слично. Само бидете сигурни дека водата е чиста и дека тече. И огледалото е одлично за оваа област, а не е голема инвестиција.

Нагласувајте специфични форми во оваа област. Секој Фенг шуи елемент е изразен во одредени форми, па можете да дојдете до посакуваната енергија правоаголни (дрво), квадратни (земја) и брановидни (вода) облици. Тоа може да бидат примероци, рамки, ткаенини или тапети. Овие форми ќе донесат добра енергија во оваа област.

-Сликите од шуми, паркови или диви зеленила ќе донесат добра енергија. Исто така можете да закачите слики со интересни форми на земјиште, како што се песочни плажи, планини и слично.

Одберете ги најдобрите Фенг шуи бои за декорација на просторот за пари, а тоа може да бидат ѕидови, ткаенини или декор. Зелената, виолетовата и црвената боја се најмоќни за привлекување изобилство.

-Украсете ја областа со слики кои прикажуваат или симболизираат изобилство. Можете да изберете нешто модерно или слика која за вас претставува богатство и раскош.

-Размислете за класични Фенг шуи декорации, само бидете сигурни дека одговараат на вашиот ентериер.

-Секогаш држете ја енергијата свежа и жива со помош на убави природни мириси, свежи цвеќиња и неколку свеќи. Одржувањето на таа област добро осветлена и пуштањето смирена музика, одвреме-навреме може да привлечат добра енергија. Препорачливо е да набавите црвен свеќник, затоа што црвената боја ќе го исполни просторот со сјајна енергија, а квалитетниот свеќник симболизира долг живот.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -