13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

27 април: Игор Југ и Јане Ченто – вашата расипана душа ќе сака никогаш да не излеземе од затвор!

СЕ ОГЛАСИЈА Игор Југ и Јане Ченто, осудените за 27 април: Ќе ми лајкувате пост, а во длабочината на вашата расипана душа ќе сакате никогаш да не излеземе од затвор!

Осудените за 27 април, Игор Југ и Јане Ченто се огласија по одбивањето на иницијативата за ставање на предлог-законот за амнестија. Во продолжение погледнете каква беше нивната реакција.

Откако беше одбиена иницијативата за ставање на предлог-законот за амнестија на осудените за „27 април“ на дневен ред во Собранието, со реакција се јавија и неколкумина осуденици.

Игор Југ во врска со ова напиша:

„Им благодарам на Драган Стари Пешевски и на Јанаки на идејата и иницијативата! Им благодарам на сите пратеници кои гласаа ЗА! Оние кои гласаа против имаат свои причини кои не сакам да ги анализирам.

Животот е круг, еднаш и за некој кој на нив им е мил, а можеби и за нив лично ќе треба да се гласа.

Им благодарам на оние кои искрено нѐ поддржуваат и ја посакуваат нашата слобода, бидете благословени луѓе! Посебно ќе се осврнам на оние кои лицемерно ќе лајкуваат на овој пост, а во длабочината на својата расипана душа посакуваат никогаш да не излеземе од затвор и на кои сето ова што се случува во Македонија изминативе 6 години им оди на рака и им одговара на нивните лични интереси и на интересите на центрите на моќ на кои им ја имаат продадено душата за грст сребреници.

Прочитани сте како буквар, тоа што не ве терам директно у … е затоа што сакам да видам до каде ќе терате за да станете некој и нешто и финансиски да се осигурате. Засега гледам дека имате огромен капацитет на тоа поле! Само знајте едно:

Сите стари удбаши душа испуштале врескајќи како јариња и барајќи свештеник да ги исповедаат тоните грев кои ги имале на душата, сите лицемери по професија поминувале исто.

И вие така ќе завршите, а сѐ она што сте го заработиле со лицемерје и кодошлук, ќе ви го трошат други. Животот бргу поминува, а личен избор е дали ќе го проживееш како човек или како лебарка!“, напиша Југ.

Јане Ченто кој исто така е еден од осудените за настаните од 27 април и упадот во македонското собрание, се огласи со мисла на Кочо Рацин:

„Кажете ѝ на мајка ми нека не жали, оти ние сепак ќе победиме!“

Во Собранието попладнево на 106-тата седница не беше прифатено по скратена постапка да се донесе Предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните во Собранието на 27 април 2017, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски.

Во 2018 година ВМРО-ДПМНЕ најавуваше протести за осудените од 27 април. Денес во 2023 година некако многу малку се зборува за било какви протести по однос на ова прашање. Дали се заборавија осудените за 27 април? Линк од тогашната одлука на ИК на ВМРО-ДПМНЕ погледнете ОВДЕ

Сепак, дали е можно да има амнестија на осудените од 27 април во пресрет на уставните измени, како начин на помирување? За ова повеќе прочитајте на следниот линк ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави