Додека ни киднуваат и заминуваат од државава моите роднини и пријатели, не може да се удираме во гради и да велиме дека овие кои што пробале нешто да спасат, не се патриоти. Со овие зборови Слаткар му оддржа лекција на Лазаров кој упорно повторуваше едни исти зборови: Ама се продадовме!
Дечкото направи добро интервју, но очигледно страната на политиката и државните интереси му е слаба страна.
Слаткар му оддржа ЛЕКЦИЈА на Лазаров: Не сум идиот, туку патриот кој реално ги гледа работит!
Секој мора да се одрече од некој национален мит ако сака да продолжи напред. Тоа дали е добро, дали е популарно да го зборуваме, е тотално небитно. Мораме да разбереме дека не сме сами. Не можеме цел живот вака да тераме. Еве 30 години сме терале вака, маваме по маса и ништо не се менува. Иде само на полошо. Ајде да пробаме нешто ново, да делиме. Знаеш немаат проблем другите да си ги делат работите, ние имаме проблем.
Ние треба да дебатираме, потребна е дебата. Мораме да почнеме да прифаќаме дека некој друг има поинаков став од нашиот. Не треба ние да се сложиме, но треба да разговараме. Мене тоа ме боли. Ко да сме несигурни во себе, тоа ми е криво.
Јас сум бил да се реши спорот со Грчка бидејќи верувам дека Грчка е гигант. Не можеш да се бориш со Тајсон во ринг. Ти можеш да се бориш со Тајсон на поткаст, но за да излезеш ти на тој поткаст мораш да излезеш жив од ринг. Јас верувам дека тие што го правеле тој договор, не им се допаѓа, не може да ти се допаѓа нешто што ти е наметнато на сила. Но кажи ми која е алтернативата освен таа? Ако има друга алтернатива, а не БАЈКА, па да правиме дека сме Италија па ко ќе преговараме. Не не „е*ат два посто“.
Они можат да кажат, терајте си вие, скапете си, за 50 години нема да постои млад човек кој ќе живее во таа држава. Дали мислиш дека тоа е подобра варијанта, дека така си поголем патриот него вака? Јас верувам дека треба да се спаси тој брод што тоне. Не треба да му се фрлаат додатни камења за да потоне. Јас верувам во таков тип на патриотизам, јас верувам за себе дека сум голем патриот. Не сум идиот, туку сум патриот и реално ги гледам стварите.