16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Христијан Мицкоски одбранет од Стојанче Ангелов: Заканите се чин на нечовечност

Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство со осуда за заканите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој преку фејсбук статус побара јавното обвинителство да се позанимава со заканите упатени кон Христијан Мицкоски, без разлика дали од истиот ќе има пријава.

Во продолжение статусот на Стојанче Ангелов:

СИЛНА ОСУДА НА ЗАКАНИТЕ.

Јавно упатените закани кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоси но и кон било која друга јавна личност или кон било кој друг човек, посебно кога заканите се однесуваат на деца, се гнасен чин на нечовечност и кукавичлук.

Ваквите нелуѓе прават голема штета на нашето, ионака полно со омраза, општество.

Јавното обвинителство треба сериозно да се позанимава со овој случај без разлика дали Мицкоски ќе поднесе или нема да поднесе соодветна пријава, стои во фејсбук статусот на Стојанче Ангелов.

Во продолжение ФОТО од неговиот фејсбук статус.

Дали оваа изјава на Ангелов е од чисто човечки побуди или пак станува збор за намигнување кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на таа партија, Христијан Мицкоски, останува да видиме во периодот кој што ни претстои.

Стојанче Ангелов беше дел од коалицијата ВМРО за Македонија која жестоко се спротистави на главната опозициска партија и заедно со ВМРО-НП и Обединети станаа дел од владиното мнозинство предводено од СДСМ.

Пред само 3 години односно во 2020 година Ангелов пак го коментираше Мицкоски дека се бори за да се избегне кривична одговорност за криминалот направен во време на Никола Груевски.

Погледнете во продолжение што кажа Ангелов тогаш во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се работи за обид за заштита на некои нивни истакнати членови, почнувајќи од почесниот претседател… пред се се работи за сокривање на огромен криминал кој што беше направен во тој 10-годишен режим на Никола Груевски. Верувам дека Мицкоски му должи, затоа што е поставен претседател на партијата и тука ја гледам целата борба, да се избегне кривична одговорност. За жал, тоа успешно го направија. Видете колку предмети застареа.

поврзани објави

Последни објави