13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Пендаровски смета дека Јанкуловска е дискриминрана: Нема ниту еден викенд да го види своето дете

На прашањето дали има спрега меѓу судството, обвинителството и извршната власт претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Трилинг“ даде свој коментар и гледиште околу таа наводна поврзаност.

Постојат спреги меѓу бизнис заедницата, најбогатите македонци, сето она што нив им се случува во момент кога ќе дојдат да бидат санкционирани, а верувам дека има и спрега меѓу луѓе на различни нивоа во извршниот апарат, но тоа се илјадници луѓе и не би бил склон да ги дефинирам така работите. Никаде во светот не постои забрана за политичар да коментира судска одлука. Постои едно непишано правило додека трае постапката да не се коментира бидејќи може да се смета како притисок врз судот, рече Пендаровски.

Тој додава дека најважно е што мислат граѓаните односно дали имаат доверба во институциите.

– Нашите институции треба да работат во интерес на нашите граѓани. Тие не се задоволни од нас.

Пендаровски во овој дел ја коментираше и екс министерката Гордана Јанкуловска односно третманот кој таа го има како затвореник во женскиот дел од затворот „Идризово“.

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е дискриминирана од затворот Идризово, но да не го поврзуваме третманот кон Јанкуловска во затворот со тоа дали заслужува скратување на својата казна, изјави претседателот, Стево Пендаровски, во вечерашното интервју за „Трилинг“. Како што рече тој, Јанкуловска и Груевски до сега до него немаат побарано помилување.

Единствен кој побарал помилување од случајот „Тенк“ е поранешниот шеф на набавки во МВР, Ѓоко Поповски, вели првиот човек на државата Стево Пендаровски.

– Да не го поврзуваме третманот кон госпоѓата Јанкуловска кој е дискриминирачки со тоа дали таа би заслужувала скратување на својата казна. После извесен период, само „Идризово“ е затвор во кој има женско одделение.

Мажите кои отслужиле одреден временски период од казната можат да се пишуваат да одат да служат во друг затвор. Гордана Јанкуловска не може да побара преместување како машките затвореници, бидејќи нема освен во „Идризово“ друг таков тип на женско одделение во друг затвор во државата. Таа нема ниту еден викенд да го види своето дете. Затоа мора да се сменат прописите и законите кои тоа го забрануваат.

Срамота е ако си маж, да можеш да се префрлиш негде само на спиење, а ако си жена не можеш да побараш преместување бидејќи нема женско одделение. Тоа е дискриминација по пол, вели Пендаровски во емисијата во Трилинг.

Видео од емисијата на линкот ОВДЕ.

Во продолжение можете да ги погледнете и последните изнесени ставови на адвокатот и сопруг на Гордана Јанкуловска, Влатко Илиевски – кликни ТУКА и дојди до интервјуто на 360 степени (извор)

поврзани објави

Последни објави