Дуел на „Само вистина“ – Дали војната во Украина е виновна за куповната моќ на производите или пак тоа е само „оправдување“ од реалните проблеми со кои се соочува македонскиот граѓанин.
Денес дадоа изјава ДДВ за основни прехранбени производи да го укинат. Погледнете кој прв го предложи тоа, а кој го одби. За кои плати ќе ми зборувате колега Костовски кога имаме 30 % инфлација на прехранбените производи. Каде е усогласувањето со минималната плата. Не се правдајте околу војната, ние сме после Украина и Русија. Кажете ми која е куповната моќ, колкава е инфлацијата, каде е усогласувањето со минималните плати, рече Стојаноска.
Однесувањето на определени трговци е ужасно. Тука ВМРО-ДПМНЕ не излезе фер. Се сеќавате на замрзнувањето на цената на 33 денари. Како се однесуваше ВМРО-ДПМНЕ тогаш? Ги поддржуваа тие пекари. Инфлација имаме секаде, не само овде, а истата е во континуиран пад. Ги покачивме пензиите, следно покачување ќе има на 1 септември. Минималната плата е над 20 илјади денари. Секој е рамноправен, рече Костовски.
ДУЕЛ меѓу Стојаноска и Костовски во кој се зборуваше и за уставните измени.
Над 30 години сме декларативно за ЕУ, но повеќе од нас не се исполнување на оваа стратешка определба да станеме членка на ЕУ. Овој пат не сме соочени од некој друг дали може да ни стави вето. Ова не е битка на една партија, ова е една државна политика и одлука која мора да се донесе. Посакувам и де факто и де јуре да имаме јавна поддршка од структури од ВМРО-ДПМНЕ.
Се гордееме со сите храбри одлуки што се донесени од СДСМ. Го цениме членството во НАТО, но таа одлука некој храбро требаше да ја донесе. Издржавме многу. Ако го правите аналитичкиот пресек, на одговорот каков план имате ВМРО-ДПМНЕ изјавува во медиумите дека се побитни канализационите мрежи и водоводи во државата.
Тоа е потребно, но овде зборуваме за една од најбитните одлуки кои треба земјата да ги донесе. Ова е интерес на секој македонец, албанец, турчин, ром, влав, на сите. Македонскиот јазик е признат и сите оние илузии кои беа од страна на ВМРО-ДПМНЕ се настрана. Никој не зборува за бугарски дијалект. Сега тоа не постои, рече Костовски.
Можеби со тендеров на државни патишта кој е преку 2 милиони евра, можеби ќе направите нешто да се тргне дрвото за да се види шумата. Прстот го вперувате кон нас, а во време на криза и кога велите дека ова е клучно прашање, вие сте прифатиле рок, никој за тоа не ви дал дозвола.
Го потценувате македонскиот народ по ова прашање. Оставете го Мицкоски настрана, расчистете си го вашиот двор, па потоа се повикувајте на ВМРО-ДПМНЕ. Вие создадовте вековен проблем за македонците. Вие сте таа партија која се лесно прифаќа под името на ЕУ.
Еве уште вечерва нека расчистат со дилемите во Собранието дали бива уставни измени или не. Не може премиерот само да ни се фати за јајцата и три дена само со јајцата да го гледаме и тоа во ек на економска криза. Народот има многу проблеми и време е овој проблем да се расчисти, рече Стојаноска на овој дуел на „Само вистина“ – Канал 5 телевизија.
Соочувањето меѓу пратениците за здравството – војната сепак не ни е виновна што здравството ни е во катастрофална состојба.
Новинарката ги праша пратениците од овој дуел зошто една партија кога е на власт не се однесува како кога било во опозиција, наведувајќи го тажниот пример со починатата Јана.
– Невидена животна трагедија, да оставиме на институциите да видиме дали има лекарска грешка. Ако се лоцира човечка грешка повикувам на одговорност. Дали ни е функционален здравствениот систем, се покажа во корона-кризата, рече Костовски, фалејќи го Венко Филипче.
За разлика од него Дафина Стојаноска истакна дека треба да се изрази сочуство до многу македонски семејства, бидејќи тие како Собрание воопшто не заседавале.
Имаме мноштво трагедии, јас не велам дека сте вие виновни, но имаме одговорност да реагираме до институциите. Здравството е апсолутно на дното. Зарем треба да зборуваме за условите во кои работат нашите медицински лица или условите во кои се лекуваат нашите пациенти. Не го споменувајте Филипче. Полош менаџер, а патем здравствен работник, немало. После него имавме друг министер кој не го ни видовме. Жалам, но со ваков однос ќе ни се случуваат вакви работи. Вие ветувавте бесплатно ЕУ здравство, треба да бидете подобри. Ви умираат луѓе од сепса, касапот од Струга условна казна доби, рече Стојаноска.
Извор од соочувањето (дуел) меѓу Стојаноска и Костовски на линкот ОВДЕ.