Змија направи вистински ХАОС во авион кој мораше поради истата приндуно да слета.
Јужноафриканскиот пилот Рудолф Еразмус за време на летот на релација Кејп Таун – Нелспрут на височина од 3.000 метри забележал дека во неговата кабина има змија. Тоа не било каква змија, туку многу отровен вид кобра.
„Да бидам навистина искрен, како мојот мозок да не регистрирал што се случува а таму имало кобра“, изјави тој за Би-Би-Си.
„Тоа беше момент кој инспирира стравопочит“,додаде тој. Пилотот рекол дека на почетокот мислел дека „ладот на грбот“ е всушност неговото шише со вода.
„Почувствував студена сензација, нешто како лази по мојата кошула“, рече тој. Тој мислел дека можеби не го затворил правилно шишето и дека водата му капе по кошулата.
„Кога се свртев налево и погледнав надолу, ја видов кобрата како ја влече главата назад под седиштето“, додаде тој.
Потоа принудно слета на најблискиот аеродром.
Змија питон ПРЕДИЗВИКА ХАОС во цело маало. Се качил на кров, па влегол низ прозорецот – соседите само беспомошно гледале тоа што следувало.
Семејство од Велика Британија имало непоканет гостин во својот дом. Змија – Бурмански питон долг речиси шест метри кој се симнал од покривот и преку прозорецот влегол внатре во куќата.
Соседите во предградието на Саутемптон првично беспомошно гледале како змијата се пробива по покривот пред „да се лизне“ низ прозорецот. Сосетка, по име Џени вели дека првпат го видела питонот околу 5:30 часот наутро.
Видов нешто на покривот и помислив дека тоа мора да е пластична цевка, но потоа неговата глава почна да се движи.
Му го кажав тоа на мојот сопруг Стивен, а тој ми рече „не биди смешна“. Имаме куче Родни, па и тој лаеше и лудуваше. Сфативме дека тоа дефинитивно е змија и дека се движи по покривот обидувајќи се да најде влез внатре, се присетува таа.
За среќа, расплетот говори дека оваа змија е питома и била чувана од сосед од околијата, но избегала од својот терариум.
ЛИНК – ОВДЕ
Повеќе содржини – Родителите збунети: Змија се пикнала во количка додека бебето спиело (ФОТО)