24.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Ѓорѓиевски: 55 од понеделник и уште 20 автобуси до Нова година – Скопје се сака со дела!

Објава на новиот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски

55 од понеделник и уште 20 автобуси до Нова година – Скопје се сака со дела!

На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници.
Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици.

🫵 Овој потег претставува сериозен исчекор кон подобрување и стабилизирање на градскиот транспорт.
✔️ Дополнително, до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.
❗️Но, тука не запираме.
🚌 До март, во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, ќе обезбедиме уште 80 нови автобуси.
🚆 Заедно со градскиот воз кој веќе ја започна првата фаза на реализација и со проектот БРТ, започнуваме циклус на трајно решавање на сообраќајниот хаос кој со години го оптоварува нашиот град.
Свесен сум во каква состојба се наоѓа Скопје.
Свесни се и скопјани.
🦾 Но, како никогаш досега сум мотивиран да го направиме нашиот град достоинствено, чисто и современо место за живеење.
И ќе успееме.
Го имате мојот збор!

поврзани објави

Последни објави