14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЕВН Македонија се приклучува на акцијата „Час на планетата Земја“

ЕВН Македонија соопшти дека со симболично исклучување на електричната енергија од логото на зградата во Скопје и во сите корисничко-енергетски центри низ државата утре од 20:30 до 21:30 часот ќе се приклучи кон глобалната акција „Час на планетата Земја“.

„Годинава, „Час на планетата Земја“ се одржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени – вклучи се во акција, исклучи ги светилките“, што е директно поврзано со енергетската ефикасност и намалувањето на глобалното загадување. ЕВН Македонија е една од компаниите која реализира низа активности за едукација и примена на енергетската ефикасност во Македонија. Во таа насока е и кампањата „Енергетска математика“, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електрична енергија,“ се наведува во соопштението од компанијата.

„Часот на планетата Земја“ ќе се одбележи и во рамки на кампањата „Енергетска математика“. Преку социјалната мрежа „Фејсбук“ започнува иницијатива за мотивирање на корисниците да праќаат идеи и пораки за активности без употреба на енергија, а најдобрите идеи и пораки ќе добијат симболична награда.

Од компанијата посочуваат дека освен кампањата „Енергетска математика“ се спроведуваат и низа други активности со кои вработените и корисниците се мотивираат да живеат и делуваат во духот на енергетската ефикасност. Покрај ова, ЕВН Македонија спроведува и проекти за заштита на животната средина и природните ресурси, а на своите корисници им ја нуди и услугата Е-фактура, чија цел е да ја намали употребата на хартијата за печатење на месечните фактурии на тој начин да ја заштити животната средина.

„Заштеда на електрична енергија е директен придонес во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени,“ се вели во соопштението.

поврзани објави

Последни објави