11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Европската Унија одбележува 60 години од потпишувањето на Римскиот договор

Европската унија денеска обележува 60 години од потпишувањето на Римскиот договор со кој беше втемелена денешната Унија. Се очекува 27-те земји членки да го потврдат единството, солидарноста и заедничката иднина во ЕУ, која останува отворена и за другите држави.

Лидерите на 27-те земји членки заедно со челниците на институциите на еу ќе присуствуваат на церемонијата по повод 60-годишнината од воспоставувањето на Европската економска заедница, која подоцна ќе прерасне во ЕУ.

Европските лидери ќе направат пресек на досегашниот, заеднички пат, ќе го потврдат единството, заедничките интереси и вредности и да укажат на новите предизвици и приоритети на замјите-членки. Ова треба да го содржи декларацијата која лидерите на ЕУ ќе ја потпишат во Рим. Во последниот нацрт текст на декларацијата и тоа на самиот почеток е вметнат дел кој се однесува на проширувањето на ЕУ и на западниот Балкан.

поврзани објави

Последни објави