11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЛДП: Европската Унија е единствена алтернатива за Македонија

По повод 60 години од потпишувањето на Римските спогодби, ЛДП потсетува дека за Македонија единствена алтернатива е патот кон Европската Унија.

„Либерално-демократската партија укажува дека за Македонија не постои друга алтернатива освен Европската унија. Државата и сите субјекти имаат за надоместување на огромен заостаток и многу работа за интезивно приклучување кон ЕУ.Новата реформска влада која наскоро ќе биде формирана, во која ќе учествува и ЛДП, ќе вложи сериозни и одлучни напори за приклучување на државата во ЕУ, за и нашите граѓани непосредно ги уживаат бројните бенефити и вредности на Европската унија“, стои во соопштението на партијата.

поврзани објави

Последни објави