30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

(ФОТО) Брачен пар од САД живее на брод долг 18 метри – тесниот простор го преуредиле во функционален дом

Брачен пар од САД одлучил да го напушти својот дом во Тексас и се преселил на брод со кој плови во каналите на Велика Британија.

По 10 години живеење во Тексас, Каролајн и Пит одлучиле да купат брод и да го преуредат во постојан дом за живеење. Парот веќе две години со своите две кучиња живее на брод и велат дека тоа е остварување на нивниот заеднички сон.

Самата помисла дека некој живее „на вода“ и во тесен простор, долг 18 метри, за многумина е неизведлива, но овој пар се потрудил нивниот дом да изгледа пространо и удобно.

Имено, овој брачен пар секојдневно објавува содржини поврзани за нивниот живот, како што се уредување на просторот и патувања, со наслов „One Day More Abroad“, а нив на социјалните мрежи ги следат над 30.000 луѓе.

Иако многу од луѓето не би се осудиле на ваков начин на живот, некои секојдневно им се восхитуваат на храброста, но и поради тоа што еден таков простор го искористиле целосно и го приспособиле на своите потреби.

Така нивниот дом содржи вградена кујна со трпезарија, дневна соба со камин, голема бања и брачен кревет. Домот го надополнуваат и уреди како што се машина за перење алишта и скара.

Каролајн навела дека нивниот брод чинел околу 230.000 евра и дека тоа е помала цена од еднособен стан, но и дека нивните животни трошоци се многу помали од трошоците кои ги имале кога живееле во куќа. Цената на овој брод е малку повисока поради тоа што има електричен погон, но троши помалку гориво.

поврзани објави

Последни објави