30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

ВИСТИНСКА ДРАМА ВО ТЕЛ АВИВ: Првиот човек на Германија и патниците легнаа на земјата на аеродромот (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц веќе бил влезен во авионот на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во Израел кога се огласиле сирените. Стигнала наредба сите патници да излезат и да легнат на пистата од безбедносни причини, тврди германски Билд. Веста ја потврди Тајмс оф Израел. Се слушнале детонации. Во воздухот проекили на Хамас биле соборени од страна на израелскиот противракетен систем „Железна купола“.

Весникот пишува дека безбедносните служби го претресле авионот, а по неколку минути на патниците им било дозволено да се качат.

Авионот полетал за Карио.

поврзани објави

Последни објави