13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

СЕ Е ИСТО КАКО ПРЕД ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА: И тогаш и сега имаше војска на руска граница – Стевче Јакимовски шокира со ставовите!

Стевче Јакимовски смета дека веќе светот е во информативна светска и економска војна.

Тој смета дека сега ситуацијата во светот е иста како пред првата светска војна.

– Западните земји создадоа големи цивилизациски придобивки. Најдалеку отидоа во демократските процеси. Има вредности кои што од нивниот свет треба да се почитуваат. Но во поново време западот пропагира девијантни појави, да применува систем на двојни стандарди, правилата што важат за други, не важат за нив и почнува од придобивка да преминува во девијација во Европа. За одредени прашања се нема никаква критика, вели Јакимовски.

Според него ОН се однесува марионетски и нема да потрае долго времето кога ќе се побара редефинирање на нивното функционирање.

– Ние имаме многу примери каде што посилните не ги почитувале правилата, ниту меѓународни закони, ниту ништо. Се е исто како пред прва светска војна, се е исто. И тогаш и сега имаме војска на руска граница, и сега го имаме истото, вели Јакимовски.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави