11.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Излезе на виделина клеветата на СДСМ и нејзините измеќари: Мицкоски задоволен што ОЈО ја отфрли пријавата за случајот „Делчевски ниви

Речиси шест години континуирано сум предмет на клевета од страна на клеветничката СДСМ, навреди од страна на СДСМ и нивните измеќари и полтрони. Се обидуваат да го нарушат мојот углед, мојата чест со тоа што континуирано речиси шест години објавуваат лаги, конструираат случаи и на таков начин мислат дека ќе опстојат повеќе на политичката сцена – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Гази Баба која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!” коментирајќи го фактот што Обвинителството се повлече од случајот „Делчевски ниви“.

Мицкоски истакна дека од самиот почеток во овој случај лично бил посочуван од високи функционери на СДСМ.

Сведоци сме дека и ова октроирано обвинителство и судство, партизирано обвинителство и судство носи одлука за прекин на истрагата поврзана со овој случај. Затоа што, откако ги сослушале исказите на лицата кои се осомничени, откако ги ислушале исказите на лицата кои се сведоци, откако ги прибавиле сите материјални докази кои се дел од оваа истрага донеле заклучок дека нема докази кои упатуваат на кривично дело. Дека не постои сторено кривично дело, а моето име, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, на каков било начин не се дел од овој гнасен, монструозен и клеветнички чин, кој заедно СДСМ се обиде преку октроираното обвинителство и судство да го конструира и објави на денот кога требаше оваа Влада на СДСМ и ДУИ да биде минато, а тоа беше 11 ноември 2021 година – рече Мицкоски.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави