9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Мицкоски отпатува во Будимпешта: Испрати важна порака од Унгарија – остваривме средба со Претседателот на пријателската партија Орбан Виктор, им благодариме на поддршката за Македонија!

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Aleksandar Nikoloski во Будимпешта остваривме средба со Претседателот на пријателската партија, ФИДЕШ и премиер на Унгарија г. Orbán Viktor .

На средбата беа констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и стана збор за реализација на стратешките цели на Македонија.

Се заблагодаривме на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија.

Воедно на средбата беше направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата кои се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно беше разговарано за идни проекти и планови за развој кои би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.

поврзани објави

Последни објави