Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски со остри критики за потегот на дирекрот на Канал 5, Иван Мирчевски, по вчерашната драма на националната телевизија.
„Канал 5 Тв поставува нови стандарди во македонското новинарство.Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат. Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан. На ваква агресија уште пак и аплаузи да не се замерат со Канал 5. ГОЛЕМ срам за македонското новинарство“, вели Георгиевски.
Се огласи и професорката по право, Мирјана Најческа.
-Исмет Рамадани треба да одговара за поттикнување на етничка и национална нетрпеливост.И не, етничката припадност не смее да биде заштита од било која критика и адут кој се вади при пососчување на криминалните активности на било кого во власта.Во моментот кога етничките албанци добија високи функции во власта граѓаните добија право да ги критикуваат и повикуваат на одговорност, не затоа што се етнички албанци туку затоа што се на такви позиции од кои решаваат за правата на сите граѓани во македонија напиша Најчевска на Фејсбук