БОМБА: Мицкоски го обединува цело ВМРО околу себе – Љубчо Георгиевски заедно со Љубе и Стојанче намогнуваат кон ВМРО-ДПМНЕ?
Според неофицијални информации партијата на првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски кој е на чело на ВМРО-НП, заедно со екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски од неговата влада, како и Генералот Ангелов се во комуникација и преговори со ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на идните парламентарни избори.
Дали нашите извори се вистинити останува да потврдат партиите, иако според последните интервјуа и активности, може да се забележи дека во сето ова можеби има и вистина.