-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Шестти ден од нејзиното исчезнување во Македонија и регионот се уште на сите медиуми прва вест и фотографија е лицето на Вања со апел да се помогне за нејзинот пронаоѓање. Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски вели дека состојбата е многу загрижувачка. Истрагата треба да продолжи во правец и на места, и со луѓе кои биле посетувани контактирани во истрагата повторно да се проверуваат.

Министерот Оливер Спасовски во собрание на пратенички прашања одговори дека нема апсолутна потврда дека Вања била во близина на ресторан кај Универзална сала . Министерот посочи дека исчезнувањето било пријавено од страна на нејзиниот татко околу 11 часот во понедникот. Како еден од идентификаторите за нејзиното движење е мобилниот телефон, за што семејството велеше дека последен пат сигнал од телефонот е лоциран во близина на универзалната сала.

Спасовски објасни дека во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сите сведоци прегледани се видеа од 50 камери, пребарано е коритото на реката Вардар, манастири и дека истрагата продолжува.

Вања исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот и по јавување од нејзината класна кај мајката Зорица, објаснуваќи дека Вања не е во училиште. Мајката изјава дека се соменева во киднапирање на ќерката.

поврзани објави

Последни објави