-1.2 C
Skopje
четврток, декември 11, 2025
spot_img

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Се огласи ЈО – бара притвор за тројца од петтемина приведени!

spot_img

Јавното обвинителство извествува дека во текот на целиот ден преземаат дејствија за обезбедување докази во врска со случајот со исчезната Вања Ѓочевска, која исчезна во понеделникот наутро во Дебар Маало, одејќи кон училиште.

За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани – соопшти Јавното обвинителство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера соопшти дека се приведени пет лица поврзани со случајот на исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

– Истрагата има напредок, но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации – рече Спасовски

поврзани објави

Последни објави