6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Откако Палевски беседеше со месеци на Инфомакс, Митовски најавува: Ќе внимаваме во иднина кого ќе каниме во емисија, не ми се верува дека позади човек се кријат вакви работи

Беше чест гостин односно се однесуваше дури и како домаќин во Инфомакс каде што имаше огромен простор да ги искаже своите ставови кои беа секогаш контроверзни, но и често полни со атак и лична дискредитација и омраза не само кон свои политички непријатели, туку и кон црковни односно свештени лица.

Од плукање по Заев и Мицкоски, потоа Отец Партениј и Бигорски Манастир кои се едно од најсветите места во Македонија, како и многу други личности, Палчо беше човек кој своевремено имаше навистина еден огромен медиумски простор за да го прави сето она за кое што веројатно на многу други медиуми би му било забрането.

Власите лажат, крадат, водат политика во име на Македонците и Таче е Влав, се дерат Македонија, Македонија, затоа што мислат дека Александар Македонски е Влав, што е тешка глупост ама нашиве историчари не треба да се замерат. Оваа држава треба да се запали, да не постои – изјави Палевски во емисија на Инфомакс на 11 ноември, лани. Дополнително, тој во неколку наврати се закануваше и кон други јавни личности, политички неистомисленици и новинари.

Искрено се молам дека овие информации ќе се покажат како неточни, искрено. Сме имале некоја некоја друга идеа, никој не можел да претпостави дека позади човек кој што имал некаква патриотска идеа или така зборувал, може да се кријат вакви работи. Навистина не знам што да кажам, рече Александар Митовски, уредникот на „Инфомакс“.

Митовски најави дека од сега, па натака ќе внимавале какви гости ќе покануваат во емисијата.

Последната емисија на Палевски во Инфомакс која беше објавена на јутјуб каналот на порталот е избришана.

поврзани објави

Последни објави