13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Златев: Смртната казна е спас за овие луѓе, тие мора да се соочат со своето лудило преку доживотна затворска казна!

Во утринската емисија на Радио Лидер „Еспресо со Златев и Боцевски“ каде што гостин им беше Љубомир Ѓурчевски, полициски началник во пензија, се направи една анализа за работењето на полицијата во случајот со 14 годишната Вања, како и за дејствувањето на оваа монструозна група која за жал одзеде два невини животи.

– Монструозен е чинот. Колку и да се свирепи организираните криминални групи, не се одлучуваат проблемот да го темелат и решаваат врз основа на децата, вели Ѓурчевски.

Екс началникот вели дека смртта на овие потраги е самиот закон за пријавување на исчезнување на лицата, затоа тој апелирал дека под итно да се смени, бидејќи системот мора да се активира веднаш по пријавување за исчезнато лице, бидејќи чекањето на 24 часа значи врзани раце за системот кој мора да го чека законскиот рок.

Ѓурчевски во емисијата вели дека е разбирливо што незадоволството во јавноста е огромно и смета дека ЈО требало понавремено да излезе со информации со цел да ја смири јавноста.

Водителот на емисијата Златев вели дека смртната казна за која толку многу се бара за најмонструозни случаи е спас за таквите луѓе бидејќи тие мора да се соочат со најголемата казна, со сопственото лудило и да бидат осудени на доживотна казна затвор.

поврзани објави

Последни објави