Обвинителството откри и како бил убиен Панче.
„Љупчо Палевски Палчо и неговите помагачи се договориле и го грабнале Панче Жежовски од домот во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малата Вања.
Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените“, соопшти Обвинителството.
На 27 ноември истите четворица, помогнати од таткото на девојчето, го грабнале девојчето.
„Со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен“, соопшти Обвинителството.