13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Си објавувал ФОТО додека го возел Палчо во Турција – дали тоа било доволно да се лоцира неговото движење?

Како се движел Љупчо Палевски Палчо, осомничен за грабнувањето и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, кој беше фатен во Турција. Речиси во исто време кога јавноста дозна за неговото апсење во турскиот град Баликесир, другите четворица осомничени добија притвор од 30 дена. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сликовито го прикажа апсењето на Палевски, пишува Телма.

Спасовски ја опиша траекторијата нa движење на Палевски, кој во одреден момент се упатил кон Истанбул, но се вратил во Баликесир.

Тој најпрвин заминал за Белград, каде престојувал во еден хотел. Го однел неговиот адвокат, кој мислел дека осомничениот имал закажан лекарски преглед. Потоа друго лице, Стефан Димковски, кој сега е во притвор со џип Ленд Ровер го пренел во Бугарија и оттаму во Турција. Димковски беше фатен на граничниот премин кај Дојран.

Димковски, според пишувањата во некои медиуми, додека го превезувал Палевски не знаел дека е осомничен за убиствата и бил искористен од него. Тој на Фејсбук споделил и фотографија од Турција, објавена утрото на 3 декември.

Од обвинителството велат дека не може да споделат детали во тaа насока. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера не одговори дали Димковски им помогнал во лоцирањето на Палевски.

МВР претходно поднесе и кривична пријава за случајот. Четворица се осомничени за грабнување и убиства на Ѓорчевска и Жежовски. Таткото на Вања, Александар е осомничен за помагање при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.

Два пиштоли се најдени во околината на Скопје кои се поврзуваат со убиствата. Пронајден е и мобилниот телефон на Вања. Спасовски потврди дека Вања била застрелана, а не задушена, како што се шпекулираше. Тој очекува истрагата за убиството на Вања да се прошири.

Обвинителството сподели и детали за убиството на Жежовски. Тие влегле во неговиот дом и го грабнале со цел да им го даде неговиот автомобил Цитроен. Го нападнале и врзале и потоа го убиле на 22 ноември со огнено оружје во близина на селото рудник. Вања била убиена на 27 ноември во атарот на селото Бразда на периферијата на Скопје, каде беше најдено нејзиното тело и опожарениот автомобил Циторен со кој била грабната.

Извор: Телма

поврзани објави

Последни објави