Во емисијата на Инфомакс „Тешки муабети“ чиј гостин беше адвокатот Јанаки Митровски покрај за другите теми, се зборуваше и за таканаречното „руско влијание“ во нашата земја.
Имено, на оваа тема збор зеде и еден учесник од редакцискиот колегиум на Инфомакс, Чиз од Левица, кој вели дека на таа тема имал едно размислување кое ви го цитираме во продолжение:
Цитат од Чиз во емисијата: Палчо е психопат нели, така сите го окарактеризираа, убил двајца. НАТО има убиено милион луѓе во Ирак. Единствена разлика е што Палчо ќе одговара.
Со овие зборови Чиз го спореди убиството на малата Вања и фризерот Панче со дејствата кои што наводно ги преземало НАТО како воен сојуз. Дали ова беше избрзана изјава односно јавно искажано мислење на поддржувачот на Апасиев или пак тој навистина реално мисли дека само во ова е единствената разлика меѓу ова што самиот тој го спореди, останува да видиме.
Сепак, она што е добро е дека дури и неговите колеги, вклучително и главниот уредник Александар Митовски жестоко реагираа и веднаш го прекинаа Чиз во ова негово јавно искажување на сосема нелогично размислување.
Делот од емисијата е на 1:41 минута.