Утре ќе продолжи конститутивната седница во Собранието. Треба да профункционира комисијата за избори и именувања, откако партиите се согласија за нејзиниот состав. Претседател на комисијата е Илија Димовски.
Од ДУИ најавуваат дека Талат Џафери ќе биде претседател на Собранието, а од БЕСА истакнаа дека ќе поднесат свој кандидат и дека нема да го поддржат кандидатот на ДУИ.
Сите тие предлози ќе се најдат пред пратениците на Собранието, а 61 пратеник ќе мора да застанат зад еден кандидат за да биде избран претседател на Собранието.