13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Миленко Неделковски: Палчо од „ЧИЧИН“ сега ќе стане „ТЕТИН“ во турскиот затвор – до вчера бевте гушнати а сега Мицкоски ви е крив!

Сите сакаат да се видат со Мицкоски и тоа е неспорно, бидејќи тој ќе биде иден премиер. Со овие зборови Миленко Неделковски на својот јутјуб канал зборува за прашњата кои Инфомакс ги наметнуваше до Мицкоски за тоа дали се сретнал со Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за монструозното убиство на младата Вања и Панче фризерот.

Неделковски вели дека Инфомакс како портал биле многу блиски со Палевски долг период, му давале огромен простор да шири омраза и да сее лаги на нивниот портал, но и тврди дека истите биле блиски до вчера.

– Бевте на „чичин“ до вчера со него. Не само по емисии, туку сегде. Што бидна сега? Ќе протестирате ли сега за него, ти Филип, тој Мичо шо е со тебе, овој Гајдов и другите? Луѓе од близината на градоначалничката Арсовска кажуваат дека пред 3 или 4 недели имало средба за сојуз меѓу сите, доколку Данела направи партија или влезе во рамките на некаква таква структура токму со истиот Палчо. Го заборавивте ли Вие тоа? Како само тоа Мицкоски е крив? Може слободно да ги постирате вестите за Палчо на позадина каде што тој гостувал кај мене во емисија или кај било кој друг, но со вас тој беше гушнат, бевте цело време заедно. Палчо е еден од неколкумината кој брутално биле одбиени од Мицкоски за било каква соработка. Толку од Миленко, бидете поздравени, вели Неделковски.

Во продолжение неговото обраќање од видеото објавено на неговиот јутјуб канал.

поврзани објави

Последни објави