13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Македонија до 2070 година може да остане со само 1,3 милиони население!

Македонија до 2070 година може да остане со само 1.3 милиони население
Црни демографски сценарија за Македонија, нефункционалноста на институциите, не владеењето на правото, корупцијата, лошото здравство и образование бркаат од земјава по 12.000 лица годишно.

Ова го покажуваат проекциите за населението до 2070 година на државниот завод за статистика кои беа презентирани денеска во Собранието. Директорт Симовски порача, овие бројки кои се изработени за прв пат по две децении креаторите на политиките да ги земат сериозно, бидејќи во спротивно, најдоброто сценарио е Македонија до 2035 година да остане со 1.500.000 жители.

-Денеска луѓето сакаат да имаат вистински можности во државата, да имаат квалитетно образование, да имаат квалитетно здравство, да имаат можност да работат и да заработат, да можат да се промовираат себеси, да имаат можност на остварување на останатите потреби, културни, културолошки, тоа е она каде што треба да се делува за да може евентуално да се влијае и врз демографскиот развој- Атанас Симовски – Директор на ДЗС

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи вели дека носењето на 20 годишната развојна стратегија и тргањето на блокадите за влез во ЕУ се клучни за спротивставување на овој проблем.

-Ова се проекции, ако ништо не преземеме денеска, за 20 години, веројатно тие кои што ќе бидеме здрави и живи ќе се најдеме во ситуација да кажеме само дека поминаа 20 години, затоа повикувам, секој еден, разумно да се однесува затоа што одземената можност денеска значи за 20 години да се справиме со таква миграција како што во демографската проекција беше направено. 5 12

Населението забрзано старее, а државата забрзано се празни, порача шефот на државата Пендаровски кој кажа дека веќе сме ги достигнале демографските проекции на ОН за Македонија до 2030 година.

Тој вели врз основа на пописот и проекциите на ДЗС, до 2070 населението во земјава би се намалило за 35%, од досегашните 1,8, на одвај 1,2 милиони жители според проекции загрижувачки посочи претседателот.

Доколку ништо не се промени и останат параметрите од 2022 година, вкупното население до 2070 ќе се намали на 1,3 милиони жители. Проекциите се под претпоставка дека во земјава и регионот нема да има војни и ќе има нормална и стабилна политичка состојба.

поврзани објави

Последни објави