4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

ТУКА СУМ ПУКАЈ КОН МЕНЕ! Човекот што го сними напаѓачот од Прага пробал да му го одвлече вниманието и да ѝ помогне на полицијата

Човек од Прага снимил неверојатна петминутна снимка од масакрот на Филозофскиот факултет во Прага, а при снимањето на видеото тој пробал да му го одвлече вниманието на напаѓачот Давид К. кој испукал најмалку 13 куршуми од покривот на зградата. На видеото може да се види и дека напаѓачот не пукал само на кровот туку и кон граѓаните на улицата. Тој носи црна облека и автоматска пушка, а повремено се крие зад камената ограда, пишува порталот Seznam Zpravy кој ја добил снимката од полицијата, но нема право да ја објави поради авторски права.

Снимателот не само што во еден момент пробува да му го одвлече вниманието на напаѓачот туку пробува да ѝ даде инструкции на полицијата за тоа каде е напаѓачот, а притоа полицајците му велат да се скрие.

– Ебате! Тука сум, пукајте овде! Дојди овде! – вели снимателот и се обидува да го сврти вниманието на напаѓачот кон себе и да ја смени својата позиција.

– Скриј се! – му вели полицаецот на снимателот.

– Еве ме, тука сум!- не се обесхрабрува снимателот и додава: Пукај овде!“

На луѓето околу него не им се допаѓа она што го прави авторот на видеото, но тој не се откажува. Снимателот дури е гневен кон полицијата и во еден момент им вели на полицајците:

Ебати мажите, дајте работете! Пукајте!

Од делови од снимките кои беа споделени на социјалната мрежа Икс јасно се гледа како студентите на факултетот трчаат по кровот и во еден момент мораат да скокаат од една на друга платформа. Трчаница има и на приземјето.

Началникот на полицијата во Прага Мартин Вондрашек изјави дека властите претходно во текот на денот биле известени дека маж можеби се упатил кон Прага од неговиот град во областа Кладно, во близина на чешкиот главен град, со намера да си го одземе животот. Набрзо таткото на напаѓачот бил пронајден мртов.

– Имаме многу свежи непотврдени информации од профил на социјалната мрежа дека наводно бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година – изјави Вондрашек за новинарите, додавајќи дека напаѓачот легално поседувал неколку огнени оружја.

– Тоа беше однапред испланиран ужасен чин што започна во областа Кладно и, за жал, заврши тука (во Прага) – додаде тој.

Се истражува дали напаѓачот е убиен од полициски куршум или си го одзел животот, посочи Вондрашек.

Бројојт на жртви во масакрот постојано се менува, а последната информација беше дека починале најмалку 15 лица, а повредени се најмалку 24.

Полицијата соопшти дека ги истражува деталите, и исто така истражува дали напаѓачот Давид К. е одговорен и за смртта и на две лица минатата седмица во шума во Клановицки во близина на Прага.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -