7.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

СДСМ ги утврди кандидатите за техничката влада!

На денешната седница Централниот одбор на СДСМ донесе повеќе одлуки и заклучоци.

Врз основа на иницијативата за широк Европски фронт, Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот Димитар Ковачевски да формира работна група и да разговара со сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите оние кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на Унијата да се приклучат и заедничка соработка околу остварување на стратешката цел: членство во ЕУ.

На денешната седница Централниот одбор на СДСМ донесе повеќе одлуки и заклучоци.

Врз основа на иницијативата за широк Европски фронт, Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот Димитар Ковачевски да формира работна група и да разговара со сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите оние кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на Унијата да се приклучат и заедничка соработка околу остварување на стратешката цел: членство во ЕУ.

Централниот одбор го утврди Јован Митрески за кандидат на СДСМ за Претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година.

Врз основа на статутарните надлежности, членовите на Централниот одбор донесоа Одлука за утврдување на кандидати за Министри, Заменици министри и Дополнителни заменици министри во Техничката влада на Република Северна Македонија од редовите на СДСМ.

-Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Централниот одбор ја утврди Славица Грковска.

-Кандидат за Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции е избран Фатмир Битиќи.
-Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања е избран Бојан Маричиќ.

-Кандидат за Министерка за култура е избрана Бисера Костадиновска Стојчевска.
-Кандидат за Министерка за животна средна и просторно планирање е избрана Каја Шукова.
-Кандидат за Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Љупчо Николовски.

-Кандидат за Министер за транспорт и врски е избран Благој Бочварски.
-Кандидатка за Министерка за обрана е избрана Славјанка Петровска.

Централниот одбор утврди и кандидати од СДСМ за заменик министри:

-Викторија Аврамовска Мадиќ, Заменик министерка за правда.

-Маја Манолева, Заменик министерка за здравство,

-Александар Бајдески, Заменик министер за информатичко општество и администрација.
-Филип Николовски, Заменик министер за финансии.

-Мики Крстев за заменик министер за локална самоуправа.

-Кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи Централниот одбор на СДСМ го утврди Митко Бојмацалиев, актуелен Шеф на кабинет на министерот Спасовски.
-Кандидат за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика ја утврди Јована Тренчевска, претседателка на Форум на жени и актуелна министерка.
Техничката Влада е законска обврска и сите партии треба да ја испочитуваат оваа законска обврска, да учествуваат во изборниот процес, без калкулации.

За Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, Централниот одбор го избра генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.

За претседавач со Централниот одбор на СДСМ е избрана Салавјанка Петровска, којашто заедно со Дашмир Афети од Желино се избрани и за нови членови на ЦО.

Централниот одбор на СДСМ го утврди Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Република Северна Македонија на претседателските избори во 2024 година, како и Правилникот, роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -