7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Цените растат, потрошувачката кошничка се ближи кон 1000 евра

Речиси илјада евра месечно му требаат на едно четиричлено семејство да го помине месецот покажува новата методологија на ССМ.

Пресметките покажуваат дека за да се помине еден месец потребни се 56 552 денари, доколку пак се плаќа кирија или рата за кредит месечните давачки надминуваат и илјада евра.

Методологија за пресметка на минималната синдикална кошница ја изработија универзитетските професори и поранешни министри за финансии Никола Поповски и Драган Тевдовски.

Поповски, вели дека досегашниот начин на пресметка е веќе застарен и не ги покажува реалните трошоци кои ги има едно семејство. Па така, додадени се четири нови ставки. Дополнително пресметани се основните давачки за школувањето на децата, како и давачките за кабловска, интернет и мобилен телефон по претпоставка дека се користи основниот пакет услуги.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека новфата методологија покажува дека платите не растат доволно.

Методологијата доби зелено светло и од надлежните. Министерката за труд им вети дека ќе биде земена предвид кога ќе се кројат владините политики.

На презентацијата освен министерката, присуствуваа и работодавачите. Според пресметките само за храна и пијалаци одат 20.730 денари, за облека и обувки 4.821 денари, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 5.874 денари, за лична хигиена 1.714 денари, за здравје се потребни 1.115 денари, рекреација и култура 4.245 а додека за образование 6.941 денар.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -