23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Ковачевски го отпеа најголемиот хит за 2023: Изградивме 1.300 километри патишта…

На крајот од секоја година вообичаено е да се прави топ – листата на најдобрите песни кои оставиле белег во 365-те денови. И во Македонија се пееше многу и конкуренцијата беше силна.

Тесно, ама сепак победи, премиерот Димитар Ковачевски. Тој својот хит го обзнани на самиот крај на 2022 година и потоа завладеа со етерот целата следна година.

Еве, како оди таа песна:

-Факт е дека за само пет години, од 2017 година наваму, изградени се патишта во должина од околу 1.300 километри, запеа Ковачевски.

Успешноста на песната е и во придружниот хор каде министерот Благој Бочварски терцираше дека многу се гради низ Македонија.

Мелодијата беше целава 2023 година многу прифатена. Граѓаните си ја потпевнуваа особено кога се возеа по 1300-те километри новоизградени патишта.

ПС. Инаку, борбата за прво место Ковачевски го биеше сам со себе оти како што проценуваше јавноста – тој имаше и друг голем хит.

Ова е неговата второпласирана песна на македонската топ листа:

-Ако треба да се издвојат лидери во однос на интегрирањето во ЕУ тогаш Северна Македонија е сигурно на врвот на таа листа, милозвучно отпеа Ковачевски пред 6 месеци.

ПС. Дека го бива за пеење премиерот неодамна покажа и на лидерите на Србија и Црна Гора кога во нивно друштво, во опуштена и позитивна атмосфера ја запеа „Дајте вино хоќу лом“.

поврзани објави

Последни објави