Илјадници Австралијанци се евакуирани денеска, пред утрото поради силен циклон кој го погоди Квисленд и кој достигна сила до 300 километри на час.
Премиерката на државата Квисленд Анастасија Паласчук изјави дека се евакуирани околу 3.500 жители додека пак советувани се уште 2.000 да се евакуираат.
https://www.youtube.com/watch?v=__4G5AHbmJ8
Поради невремето затворени се градинки, улилишта, рудници, аеродромот во Таунсвил и се откажани сите летови.
https://www.youtube.com/watch?v=n2R5ofo22JA
Паласчук предупреди дека тоа е најсилното невреме кое ја погодило оваа држава од 2011. година.
Циклонот „Деби“ класифициран е како ураган од четврта категорија, додека пак циклоните од петта категорија се сметаат за најсилни.