13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Премиерот во заминување Ковачевски ГО ПРАВДАШЕ ГРУБИ за изјавата дека Русија била крива

Откако вицепремиерот Артан Груби денеска ја обвини Русија за многу проблеми во државава, премиерот Димитар Ковачевски потоа го правдаше и дообјаснуваше дека не рекол Русија била виновна за се, туку за одредени процеси.

„Тој (Груби) не кажа за сè, туку точно посочи за кои процеси, а тука пред сè се мисли на зачленувањето во НАТО, на унапредувањето на демократијата и на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање

Според Ковачевски тоа што Груби го кажал биле факти кои сите ги знаат.

„Вицепремиерот Артан Груби беше многу конкретен и посочи кон Русија во однос на стратегиските одлуки и процеси коишто се правеле и се прават во Република Северна Македонија и дека Русија секогаш била против. И тоа се факти коишто сите ги знаат. Тој не кажа за сè, туку точно посочи за кои процеси, а тука пред сè се мисли на зачленувањето во НАТО, на унапредувањето на демократијата и на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија“, рече Ковачевски.

Груби ја посочи Русија како земја која била против сите стратегиски одлуки кои земјава ги донела изминативе две децении – од Охридскиот договор и Преспанскиот договор до актуелните процеси за зачленување на земјава во Европската Унија. Груби, во оваа насока ја спомена Русија и во контекст на случувањата во Собранието од 27 април 2017 година.

Потсети на изјави на портпаролката на руското МНР и на претседателот на Русија кој, како што рече Груби, ги знаеше сите села во Македонија ги споменуваше во негови интервјуа.

„Велеше дека огнената раскрсница за Русија во однос на проширувањето на НАТО е Македонија. Ова е изјава цитирана од страна на Лавров, а потоа Путин го спомнуваше и кумановско Грушино за да поттикнува меѓуетнички конфликти во Македонија, меѓу Македонците и Албанците, сè до случаите кои се случуваа трагични во нашите градови“, рече тој.

Според Груби, освен овие изјави, тие беа против Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и направија сè што е можно да не се потпише тој договор, а, како што кажа првиот вицепремиер, и најголемиот инфраструктурен проект од осамостојувањето, па досега, изградбата на коридорот 8 и 10 бил опструиран токму од Русија.

поврзани објави

Последни објави