Димитар Ковачевски, кој денеска поднесе оставка како премиер, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 рече дека синот на Џорџ Сорос учествувал на неодамнешниот самит на земјите од Западен Балкан во Скопје како што рече – како прв човек на фондација која ги поддржувала демократските процеси на Македонија.
„Беше на слава кај мене прво, ние сме пријатели, мене ми е семејна слава Св Јован, а тој беше со свои соработници и тоа го објави. А на самиот Самит беше неформално, таму имаше претставници на Евроатлатснкиот совет, на финансиски и невладини институции, на Светска, Европака банка. Сорос фондацијата е присутна одамна во Македонија и често тој учествува на меѓународните состаноци. И тој присуствува во својство на претседател на фондацијата, која има позитивен удел во нашата историја , во демокреатските процеси на меѓународно етаблирање на земјата, рече Ковачевски.