23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Нема реална опасност за бегство: Незири излегува на слобода, но без пасош!

Апелацискиот суд оцени дека во решенијата не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат, се вели во соопштението на Апелација.
При одлучувањето овој суд ги имаше предвид и дадените предлози на Вишото јавно обвинителство Скопје со кои се предлага да се уважат жалбите на осомничените, стои во соопштението на Апелација.

И Алмир Рамдедовиќ ќе се брани од дома. Тој е осомничен дека ја крена рампата, како дел од обезбедувањето на компанијата „2СС“, а Апелацискиот суд му ја враќа слободата и му го задржува пасошот.

За пропустите во работата на „2СС“ пишува и во извештајот на Агенцијата за цивилно воздухопловство во кој се бара кривична одговорност.

За останатите осомничени, иако судот првично одреди притвор, потоа кривичниот совет одлучи за домашен притвор.

поврзани објави

Последни објави