13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Панче Тошковски ја презеде министерската функција во МВР

Во Министерството за внатрешни работи денеска досегашниот министер Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор Панче Тошковски.

На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Спасовски за неговиот досегашен анганжман во министерството, информираат од МВР.

Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај.

Мандатот на преодната Влада трае од изборот, се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници и изборот на новата политичка влада.

Ова е трета преодна или техничка влада од 2016 година. Премиер на техничката влада во 2016 година беше Емил Димитриев, а во 2020 година беше Оливер Спасовски

поврзани објави

Последни објави