13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

НЕ Е ДО ЈАДЕЊЕТО, ДО ЕДНА МОЛЕКУЛА Е!? Истражување открива важен фактор за обесноста

Д-р Алан Салтиел, професор на калифорнискиот универзитет „Сан Диего“ открил дека една молекула влијае на тенденцијата кон зголемување на телесната тежина, односно обесноста. Тој 40 години се обидувал да го сфати уделот на хормоните во користењето и складирањето на енергијата од храната.

Самата обесност им влијае на хормоните и на нивната функција. Масните ткива се адаптираат на прејадувањето така што нивните клетки, кои се натрупуваат со нутриенти, стануваат „повешти“ во складирањето на нутриентите одошто во нивното трошење. Тоа им го отежнува слабеењето на обесните луѓе.

Обесноста предизвикува метаболички абнормалости во телото бидејќи тоа се обидува да управува со прекумерни количини енергија. Телото бара начин за складирање на енергијата зашто не може да ги согори сите калории.

Митохондриите се органели на клетката кои се задолжени за согорување на храната и создавање енергија. Д-р Салтиел хранел глувци со голема количина масти. Митохондриите во масните клекти на глувците се поделиле на мали митохондрии кои не согорувале масти како големите митохондрии. Во нормалните клетки, митохондриите се распаѓаат и се спојуваат во совршен баланс. Обесноста доведува до почесто распаѓање, а поретко спојување на митохондриите. Салтел открил дека овие промени се случуваат само во масните клетки под кожата, кај колковите и кај бутовите.

Исклучување на молекулата која го нарушува метаболизмот
Д-р Салтиел и неговиот тим откриле дека поделбата на митохондријата е предизвикана од една молекула наречена RaIA. Тие одамна ја истражувале улогата на RaIA во дејството на инсулинот, но се изненадиле кога откриле дека RaIA е главниот регулатор на распаѓањето на митохондриите. Кога RaIA хронично се активира кај обесната популација, митохондриите почесто се распаѓаат. Кога научниците им го избришале генот за RaIA на глувците, ги заштитиле од качување тежина.

Ова истражување отвора можност за откривање нови лекови кои ќе го запрат екстремното распаѓање на митохондриите и ќе го зголемат метаболизмот на мастите. Ова е само дел од целата слика, но е значајно за подобро разбирање на причините за обесност.

поврзани објави

Последни објави