13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Е ОВА Е ПРИМЕР ЗА ДОБАР РОДИТЕЛ: Синот на Максим патувал со автобус секој ден како и обичен граѓанин

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров каде што отворија повеќе теми на разговор, а една од нив беше и за семејството на кумановскиот градоначалник, нивните професии и она што го прават во моментов.

Во текот на разговорот тој доби пофалба од извесна „Нате“ која коментираше дека токму синот на градоначалникот Максим Димитриевски патувал со автобус секој ден како и секој обичен граѓанин.

На ова Димитриевски вели: Горд сум ако ова го практикуваат, а знам дека го практикуваат и моите деца. Не би сакал да дојдам во позиција под притисок на јавноста, за моите деца да се фруструираат дека се деца на некој кој што има нешто повеќе од останатите обични граѓани. Јас сакам да гледам среќни луѓе, сакам да покажеме единство, да дадеме шанса на нови луѓе, а токму младите луѓе да бидат пример за борба, рече Димитриевски.

поврзани објави

Последни објави