13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ИМА ОГРОМНА ЖЕЛБА ДА БИДЕ МОЌЕН И НЕМА ЕМПАТИЈА КОН ДРУГИТЕ Алиу за Груби вели дека е хибридна личност помеѓу нарцизмот и макијавелизмот

Хибриден профил помеѓу нарцизмот и макијавелизмот“. Вака актуелниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу во „10 минути“ на ТВ21 го опиша политичкиот профил на вицепремиерот Артан Груби за кого рече дека постојано се обидува да покаже моќ.

– Ако го анализирате политичкиот профил на Артан Груби, тоа е хибриден профил помеѓу нарцизмот и макијавелизмот. Зошто велам дека тоа е хибриден профил помеѓу макијавелизмот и нарцизмот? Во овој политички профил има неколку карактеристики, кои ги дефинирав во хибридна форма. Сака многу внимание, има огромна желба да биде моќен, да рефлектира моќ. Од друга страна е личност која има минимална емпатија кон другите. Манипулативен профил кој прави сѐ за да ги постигне своите цели – рече Алиу, додавајќи и дека вицепремиерот е личност која прави поделби.

Алиу дури оди понатаму и вели дека поради ваквиот комплексен профил на Груби дошло и до „поделба во ДУИ“.

– Да не зборуваме за нивниот лидер – Али Ахмети. Од многу искусен политичар, тој стана фолк пејач правејќи видеа и споделувајќи ги на социјалните мрежи. Во последно време ми е жал, бидејќи јас лично го познавам и Талат Џафери. За жал, тој го руши профилот на техничкиот премиер и господинот Џафери земајќи му го неговиот дел од менаџирањето – вели Алиу.

поврзани објави

Последни објави