7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Андреја Стојковски: Алгоритмот вели владината коалиција има најмногу шанси да формира нова Влада

Истражувањата што со години ги прави „Преспа институтот“ покажува дека расположението кај граѓаните во однос на ЕУ со мали варијации останува доминантно позитивно, ова го потврди Андреја Стојковски, извршен директот на Преспа институтот во интервју за утринската програма на „Слободен печат“.

Според податоците од истражувањето, партиите во состав на владината коалиција, но и оние од албанската опозиција се цврсто определени за продолжување на европскиот пат на земјата. Кај останатите партии има одредени лажирања меѓу определбата за ЕУ перспектива на државата, но и приклонување кон други форми на здружувања како Евроазиската унија, БРИКС или Кина. Имајќи ги предвид овие но и други аспекти вметнати во анкетата еве што покажува истражувањето на Преспа институтот : 26,40 – 27,13 (истражувањето) покажа дека на сите тие претпоставки коишто ги имавме со анкетни податоци од шест месеци пред изборите, без да го земеме предвид сентиментот кај граѓаните и јавниот дискурс во медиумите и на блоковската поделеност, владината коалиција има 96 проценти можност да освои најголем број на пратенички места и да се стави во позиција да предложи состав на новата Влада – вели Стојковски.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -