13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Тошковски до СДСМ и ДУИ: Ставивте ВЕТО на сопствените граѓани да не можат да излезат од државата!

Ни ги кршат човековите права како луѓе, во конкретната ситуација немаме вето од Грција, туку во конкретниот случај за притвор на граѓаните во границите на Македонија е ставено од овие кои се на власт, од овие кои беа на власт од СДСМ и ДУИ. Ова во интервју за Канал 5 телевизија го кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Ги направија луѓето да се чувствуваат без кичма, поради нивната непрофесионалност и немање љубов кон сопствениот народ го доведоа граѓанинот и народот до овие маки, рече Тошковски.

Имаме проблем, а кое е решението?

Јас кога прв пат излегов на медиуми, откако бев предложен од ВМРО-ДПМНЕ како министер, прво нешто што кажав дека ќе поднесам Закон за измена и дополнување на Законот за лични документи и Законот за безбедност во сообраќајот, бидејќи како правник знам дека единствено решение кое нема да ја наведне главата на граѓаните и ќе овозможи нормално функционирање е само тоа, додава Тошковски.

поврзани објави

Последни објави