13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ „ИСТ ГЕЈТ“ Повредена жена од Италија

Повозрасна жена, италијанска државјанка, повредена е во сообраќајната несреќа што се случила синоќа во близина на трговскиот центар „Ист гејт“.

Сообраќајката се случила на булеварот „Гоце Делчев“ пред крстосница со ул. „Беласица“, помеѓу патничко моторно возило „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(48) од Скопје и патничко моторно возило „дачија сандеро“ со италијански национални ознаки управувано од Е.Л.(39) од Р. Италија.

Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „дачија сандеро“ П.Д.(66) од Р. Италија констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски – информираа од МВР.

поврзани објави

Последни објави