13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ако Таравари не трча за ПРЕТСЕДАТЕЛ, тука е Касами: Има комбинации и јас да бидам!

Ако Арбен Таравари остане на ставот дека не е заинтересиран да биде кандидат за претседател на државата, тогаш таа трка, за коалицијата на опозициски партии на Албанците, ќе ја трча Билал Касами. Ова во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 го открива лично Касами, лидер на Движењето Беса.

Првично беше разговарано да биде г. Таравари, но не е исклучено, има комбинации и јас да бидам“, вели првиот човек на Беса.

Касами тврди дека разговорот со Таравари на оваа тема не е завршен.

„Г. Таравари рече дека не е заинтересиран, но ние не разговараме за лични интереси, за лични претензии, туку разговараме за интересот на Албанците за носење промена. Ако заедно цениме дека г. Таравари ќе биде најдобриот кандидат за претседател, јас целосно верувам дека г. Таравари ќе биде спремен да ја води оваа трка, уште повеќе што во сите разговори што сме ги имале, сите консултации, г. Таравари го истакнуваат како сериозен кандидат да оди во втор круг“, одговара првиот човек на Движење Беса.

Извор: ФОКУС

поврзани објави

Последни објави