7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Меси оди на суд, само три денови пред „Ел Класико“

Врховниот суд во Шпанија го одреди датумот на кој ќе биде разгледана жалбата на Лео Меси и неговиот татко, играчот ќе се појави на суд три дена пред „Ел Класико“. Минатата година, ѕвездата на Барселона беше осудена на 21 месец затвор за затајување на данок во 2007, 2008 и 2009.

Со оглед на тоа дека ова е прв прекршок на играчот и казната е помала од две години, законот во Шпанија дозволува Лео Меси да не заврши зад решетки и да помине со условна казна.

И покрај тоа што куртули затвор, Аргентинецот не се сложи со пресудата и поднесе жалба, која Врховниот суд ќе ја разгледа на 20. април.

Тоа значи дека Лео Меси ќе се појави на суд само три дена пред „Ел Класико“ и дуелот на Бернабеу кој може да биде решавачки во трката за титулата во Шпанија.

поврзани објави

Последни објави