30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

ОТВОРЕТЕ ГО КУФЕРОТ, НЕШТО ЧУДНО БРМЧИ! Позната инфлуенсерка имала непријатна сцена на аеродром

Убавата инфлуенсерка Аманда Дијаз Рохас неодамна се нашла во незавидна ситуација додека чекала авионот да полета. Во еден момент се појавило обезбедување кое побарало од неа да им го покаже рачниот багаж.

Имено, тие добиле поплака дека од нејзиниот багаж се слушаат необични звуци. Некое мистериозно зуење.

Видеото од овој инцидент е објавено на социјалните мрежи и има повеќе од 12,6 милиони прегледи, на кое се гледа како Аманда го вади куферот од авионот, каде што ја чекаа обезбедувањето и членовите на екипажот.

Таа е насмеана, но јасно е дека ситуацијата не е баш најпријатна, пренесува Дејли Мејл.

Конечно го отвора куферот, станува јасно што заборавила таа да исклучи, розовиот вибратор.

Девојката неуспешно го крие својот „срам“ со облеката, а во позадина се слушаат насмевките на присутните.

Аманда објави видео на ТикТок, со порака „Кога целиот авион сака да знае зошто вибрира куферот“, а колку внимание привлече покажува 1,2 милиони лајкови и 13.700 коментари.

– Ова ми се случи еднаш и затоа секогаш ги вадам батериите пред да патувам – ​​напишала една жена.

@amandarojasd

Cuando todo el avion quiere saber porque tu maleta vibra 😫😫

♬ original sound – Amanda

 

поврзани објави

Последни објави