6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Папата Фрањо одржа исламска молитва во Ватикан

Папата Фрањо, минатата недела повторно го изрази своето убедување дека претседателот Трамп, „не е христијанин“ – а потоа ги шокираше католиците низ целиот свет така што одржа исламска молитва и го читаше куранот во Ватикан.

Проповедот и молитвите следеа откако папата Фрањо, се состанал со претседателот на Израел и претседателот на Палестина во Ватикан, средба која што била осмислена да го промовира мирот на Блискиот исток.

Портпаролот на Ватикан рекол дека молитвите требале да бидат „пауза во политиката“. Папата пак рекол дека се надева дека меѓуверските молитви ќе го поттикнат мирот во светот особено меѓу Израелците и Палестинците.

Ватикан исто така емитуваше директен пренос на овој настан низ целиот свет.

Христијаните истакнаа дека одлуката на папата да ја прогласи Библијата и Куранот за исти и да дозволи исламска молитва во Ватикан, директно се коси со библиското учење.

„Исус му рече, Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Отецот освен преку мене. Ако ме познаваш мене, ќе го познаваш и мојот Татко.“ Јован 14: 6-7

Католичката црква под либералниот папа Фрањо прави уште еден страшен исчекор. Овозможувајќи обожување на друг бог под маската на “либерална толеранција“, директно се спротивставува со Божјите проповеди.

Обидот да се апсорбира паганската религија-најголемата религија против Исус на земјината топка –директен шамар на Бог, неговиот син и верните христијани насекаде во светот, се дел од коментарите на Католиците, за овој настан.

поврзани објави

Последни објави